Не, не ги има истите ефекти. 

И не медитираме само за да се релаксираме, туку за да си го подобриме животот.

На секое искуство што сме изложени ќе формира различни обрасци во мозокот. Затоа, истражувањата покажуваат дека дури и различни видови на медитации делуваат различно. 

На пример, бројни независни научни студии имаат откриено доследни разлики помеѓу техниката на Трансцендентална медитација и другите практики во однос на длабока релаксација, намалување на анксиозноста, развој на интелигенцијата, нормализација на високиот крвен притисок, намалување на злоупотребата на дрога и алкохол и самоактуелизација.* Една неодамнешна студија објавена од Американската асоцијација за срце откри дека практикувањето на ТМ ја намалува шансата за срцев удар и мозочен удар кај оние кои се во ризик за 48% — ефект кој не е забележан во истражувањата за други техники на медитација. Техниката на ТМ е единствената форма на медитација препорачана од Американската асоцијација за срце. (интерен линк за до блогот за Американската асоцијација за срце што кажува за ТМ)

**Cognitive Processing, 11, 1, 2010; American Journal of Health Promotion, 12, 297-299; American Psychologist[42] 879-81, 1987; Intelligence 29: 419-440, 2001; Journal of Social Behavior and Personality (6) 189–247, 1991; International Journal of Neuroscience 100, 77-89, 2000; Journal of Clinical Psychology [45] 957-974, 1989; American Journal of Hypertension 21(3): 310-316, 2008

Три области на истражување што покажуваат разлики помеѓу техниките на медитација:

1. Медитација и функцијата на мозокот:

Во последните децении, невронаучниците ги истражуваа мозочните шаблони кај различни медитативни практики — проучувајќи тибетански монаси, индиски јоги, обучени западни медитанти и многу други групи како субјекти. Од ова истражување произлезе разбирањето дека различните техники на медитација имаат многу различни ефекти врз мозокот.

На пример, истражувањето за ЕЕГ поврзано за медитација на внимателност (Cahn et al., Cognitive Processing, 2010) покажува зголемување на фронталните тета мозочни бранови (4-8 Hz) за време на практикување внимателност, како и можни гама бранови (35-45 Hz) во задниот дел од мозокот, но не се пронајдени континуирани или „состојбени“ ефекти за тета, алфа или бета брановите. Истражувањата покажале дека за време на медитација со концентрација, мозокот покажува зголемена фронтална гама активност, фреквенција која често се поврзува со контролирана фокусираност (Lutz A, et al., 2004).

Истражувањето за техниката на Трансцендентална Медитација покажува обрасци на високо кохерентни и синхронизирани алфа бранови („високо амплитудни“ алфа, 10-12 Hz) низ целиот мозок, особено во префронталниот кортекс (мозочниот „генерален директор“). Зголемената алфа активност се поврзува со релаксирана будност, а високата амплитуда на алфа брановите се поврзува со зголемена свесност.

Оваа континуирана состојба на зголемена и распространета ЕЕГ кохерентност која се забележува за време на практикувањето на Трансценденталната Медитација (ТМ) се пренесува и во секојдневните активности надвор од медитацијата, што укажува на поефикасно севкупно функционирање на мозокот. Кохерентноста се поврзува со зголемена способност за учење, повисок коефициент на интелигенција (IQ), подобро морално расудување и подобрена невролошка ефикасност — сето тоа како резултат на практикувањето на ТМ според бројни студии. Оваа зголемена состојба на ЕЕГ кохерентност не е забележана кај обичното релаксирање или кај други техники на медитација (Travis et al., 2010).

2. Длабока релаксација:

Иако техниката на Трансценденталната Медитација е ментален процес, таа предизвикува обемни физиолошки ефекти. ТМ техниката му овозможува на умот многу длабоко да се смири, надвор од размислувањето, на природен и без напор начин. Ова се нарекува трансцендирање — надминување на целата ментална активност за да се искуси состојбата на одморна будност или чиста свесност, која е основа на умот.

Поради природната врска помеѓу умот и телото, кога умот станува длабоко смирен за време на практикувањето на ТМ, и телото доживува длабока релаксација. ТМ техниката е единствената ум-тело практика за која научните истражувања покажале дека обезбедува состојба на одмор која е повеќе од двапати подлабока од обичното, затворено-очи релаксирање (American Psychologist [42] 879-81, 1987). Медитациските техники кои го задржуваат умот ангажиран во размислување или ментална активност (како внимателност или техниката „реакција на релаксација“) не се покажале дека обезбедуваат толкава длабочина на одмор.

3. Намалување на анксиозноста:

Мета-анализа (критички преглед на сите достапни истражувачки податоци) спроведена на Универзитетот Стенфорд открила дека техниката на Трансценденталната Медитација е значително поефикасна во намалувањето на трајната анксиозност од техниките на концентрација и контемплација или други техники (Journal of Clinical Psychology [45] 957-974, 1989). Истражувачкиот проект анализирал 146 независни резултати од студии и утврдил дека зголемената ефикасност на практиката на ТМ не може да се припише на очекувањата на субјектите, пристрасноста на истражувачите или квалитетот на истражувачкиот дизајн. Всушност, студиите со најригорозен дизајн покажале најзначајни резултати за техниката на Трансценденталната Медитација.