За мене
Здраво! Јас сум Мартина.
Тука сум за да ве научам како да трансцендирате – односно, како да го надминете површинското ниво на мислење и да се потопите во вашиот неограничен потенцијал. На тој начин ќе се остварите себеси, ќе го подобрите вашето здравје, ќе внесете јасност и бистрина во умот и ќе ги подобрите односите со луѓето околу вас.
Ова го правам затоа што сопствениот раст не значи ништо ако не знаеме како да ги подигнеме и луѓето околу нас. Сите знаеме колку е убаво кога сме опкружени со оригинални и среќни луѓе и како тоа позитивно влијае врз нас. Токму од таа, можеби себична, желба – да гледам повеќе веселост и мир околу себе – го споделувам ова знаење со вас.

По професија сум правник за човекови права. Студирав во Швајцарија, на Правниот факултет во Фрибург, кој е еден од најреномираните факултети во континентална Европа. Верувам дека основното природно право на секој човек е правото да се самооствари. Тоа право си го должиме на себеси, но и на светот – за да го збогатиме со нашата вистинска личност и да внесеме вредности во општеството. Но, имајте на ум дека секое право доаѓа со одговорност. Ние сме целосно одговорни за остварувањето на нашите права – ништо не доаѓа само од себе. Останува на нурнеме во нашиот потенцијал и да почнеме да го користиме. Само ако мечтаеме за тоа дека сме неограничени и дека можеме сè, нема да станеме такви. Тоа се постигнува со редовно трансцендирање, а резултатите доаѓаат спонтано. Со намалувањето на стресот во нервниот систем, полесно ги гледаме можностите и го добиваме еланот да ги оствариме. Затоа Трансцендетална медитација не е луксуз туку неопходност.
Додека паралелно работев и студирав во Швајцарија, забележав дека ми опаѓа концентрацијата. Пробав многу техники и речиси сè што се нуди на пазарот за личен развој. Но или ми беа премногу комплицирани за редовно практикување, или бараа интелектуално одржување на некаква филозофија. Како и да е, од ниту една не почувствував некој поголем ефект – освен моментална релаксација и избегнување на реалноста.
Единствено Трансценденталната медитација ми донесе вистинска промена што не требаше да ја замислувам или во која требаше да верувам – самите факти зборуваа. Првото што забележав беше враќањето на јаснотијата и интелектот. Почнав побрзо да ги завршувам обврските, а истовремено ми остануваше повеќе време за себе, без да се чувствувам изморена. Но, најочигледно за мене беше тоа што почна да превладува една внатрешна радост и мир, и сѐ повеќе да се чувствувам како своето вистинско „јас“.
Со текот на времето, почнав да согледувам нови можности, кои претходно не сум верувала дека постојат. А најслаткото од сѐ беше она што се нарекува поддршка од природата – некои нешта се остваруваа без премногу напор од моја страна.
Ова е мојата лична приказна и искуство од редовното практикување на ТМ.
Која ќе биде вашата?