УМ

Позитивни ефекти на ТМ врз мозокот:

  • Подобрена функција и перформанси на мозокот
  • Најдобра медитација за креативност и зголемување на интелигенцијата
  • Подобрено донесување одлуки и решавање проблеми
  • Подобрена способност за фокусирање
  • Поредно и попозитивно размислување
  • Зголемена енергија
  • Подобрени односи со другите
  • Зголемена самодоверба и самоостварување
  • Може да помогне во намалување на симптомите на ПТСД и други состојби поврзани со стрес

Користење на својот скриен талент:

Психолозите проценуваат дека користиме само 5-15% од нашиот ментален потенцијал. Тоа значи дека сме само 5-15 % ефикасни – 5-15% исполнети.

Ако машина работи со 5-15% ефикасност би ја поправале. Од друга страна, луѓето си ги прифатиле своите ограничувања, затоа што не знаеле дека може да се подобри нивната ментална ефикасност.
За време на ТМ ние доаѓаме до директен допир со 85-95% од нашиот ум што не сме го користеле. Затоа, кога се медитира редовно тоа останува секогаш достапно за наша употреба.

Креативност

Познатиот режисер Дејвид Линч вика дека за големи идеи треба да се нурне длабоко. Малите идеи се на површината. Исто како и рибите: малите се на површината, а за големите треба да се нурне подлабоко.

Затоа кога се практикува ТМ редовно, не мораме да се осврнуваме на други успешни приказни и да преземаме идеи и инспирација од таму. Инспирацијата и идеите ги земаме директно од таму каде што ги земале и тие на кои се огледуваме. Во истиот магацин за идеи одиме.

Размислување со своја глава

Со ТМ почнувате се повеќе да се потпирате на внатрешни осети и интуиција и тие се покажуваат како точни. 

Ова е зошто луѓето кои имаат изострена интуиција се независни во одлучувањето, а не се носени од било каква вест или трач што ќе го слушнат. Затоа со ТМ прво главата ја средуваме па после се друго само од себе се подобрува. Главата е најважна.

Прагматичност

Исто така се развива и вештината да решаваме проблеми. Луѓе кои се прагматични се способни брзо да се прилагодат на новите ситуации, да донесуваат одлуки врз основа на рационално размислување и искуство. Значи не го негираме и рационалното размислување. И тоа се зајакнува и во комбинација со интуиција настанува експлозија од моќ.


Ситуација на победа наспроти победа:

Интуиција + рационалност = супермоќ

Ментална ефикасност

Кога сме способни да се фокусираме, организираме и ефективно да го користиме нашето време и ресурси, тогаш сме продуктивни. Сѐ сме си завршиле на време, а од друга страна не сме исцрпени. Затоа со ТМ се чувствуваме помалку преоптоварени и така оставаме простор за нешто ново да ни дојде во животот.

Течна интелигенција

Замислете само да ја имате таа способност да размислувате побрзо од сите други. Дека можете да ги поврзете идеите и концептите на начин што е надвор од секојдневното разбирање. Тоа е буквално како да имате ВИП пристап до умот каде што можете веднаш да пристапите до сите информации и ресурси што ви се потребни. Течната интелигенција е клучна за брзо решавање на проблемите и прилагодување на новите ситуации. Сите ние поседуваме одредено ниво на таа интелигенција, но потребна е пракса за да се развие до максимум. Кога се практикува ТМ оваа интелигенција се развива и после 25-тата година.

Како ТМ ги дава овие придобивки?

Кога редовно ја практикувате Трансценденталната медитација, вашиот мозок станува поздрав и пофункционален.

Научниците откриле дека за време на медитацијата мозокот создава силни алфа бранови. Овие бранови се знак на опуштена будност – состојба на смиреност, широчина и блаженство. Кога алфа брановите се усогласуваат, извршниот дел на мозокот, кој е одговорен за донесување добри одлуки, се зајакнува.

Со подобра поврзаност меѓу различните делови на мозокот, тие комуницираат поефикасно и функционираат како тим. Ова е причината зошто ТМ ја подобрува меморијата, го зголемува креативното размислување, го проширува разбирањето и ја подобрува концентрацијата.