
Многу луѓе во Скопје и низ Македонија се борат со несоница, проблем што е длабоко поврзан со колективниот стрес на модерниот живот. Барањата на работата, семејството и бескрајниот прилив на информации ги држат нашите умови активни долго откако ќе ги изгасиме светлата. Честа форма на несоница е будење среде ноќ – околу 3 или 4 часот – без можност повторно да се заспие.
Обидувајќи се да го решат овој проблем, многумина остануваат будни до доцна во ноќта, мислејќи дека така ќе спијат подолго. Но, тоа само го нарушува природниот ритам на телото, оставајќи ги уморни и нефокусирани следниот ден. Вистински ја цениме вредноста на добриот сон само кога ќе го имаме некогаш кога сме на планина. Сепак, за квалитетен сон не е потребен вечен одмор или драстична промена на животниот стил – постои нешто што можете да направите веднаш.
Научните истражувања во последните пет децении постојано покажуваат дека практикувањето Трансцендентална медитација (ТМ) создава уникатна состојба на длабока релаксација, уште подлабока од најдлабоките фази на сонот. Истовремено, умот останува буден, овозможувајќи му на телото природно да ги ослободи длабоко вкоренетите стресови.

ТМ нуди природен и ефикасен начин за подобрување на квалитетот на сонот преку намалување на стресот и промовирање на длабока релаксација. За разлика од другите техники за медитација што се наменети директно за спиење, ТМ се практикува два пати дневно, по 15–20 минути, наутро и попладне. Ова не е воден процес, туку едноставна техника која му овозможува на умот природно да се смири и да достигне внатрешен мир.
Психијатрите велат дека квалитетот на сонот зависи од квалитетот на денот. Не постои магично решение што можете да го направите неколку минути пред легнување – добриот сон се гради во текот на денот. Со тоа што ТМ го зголемува нивото на серотонин – невротрансмитер кој игра клучна улога во регулирањето на расположението се одржува здрав циклус на спиење. Исто така, значително го намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес кој е еден од главните виновници за лошиот квалитет на сон. Намалувајќи го кортизолот, ТМ му помага на телото природно да премине во состојба на мирен и квалитетен сон.
Влијанието на ТМ врз сонот е особено забележливо во истражувањата спроведени во стресни ситуации. Една неодамнешна студија за здравствените работници за време на пандемијата со КОВИД-19 покажа намалување на симптомите на несоница за 44% кај оние што практикувале ТМ. Слични подобрувања се забележани и кај ветерани со ПТСН, студенти, па дури и луѓе со високо-стресни работни места.
Откако ќе се научи од сертифициран инструктор, ТМ е едноставна практика што не бара никакви надворешни помагала – без снимки, без апликации, само удобно место за седење и затворени очи. Со редовна пракса, подобриот сон доаѓа природно, без напор или очекување.
Одморен ум и тело се клучни за продуктивен и исполнет живот. Наместо да чекате ретки совршени ноќи на сон или да сонувате за одмор далеку од стресот на градот, можете да преземете контрола врз вашата благосостојба веднаш. Трансценденталната Медитација е практично, научно потврдено решение за надминување на несоницата и враќање на длабокиот, освежувачки сон кој сите го заслужуваме.

М-р Мартина Сотировска, сертифицирана учителка по Трансцендентална медитација.
Дознајте како Трансцендентална медитација може ви помогне да го подобрите квалитетот на животот.
Закажете вашето бесплатно воведно предавање денес.