
Во секојдневниот живот постојано носиме одлуки, од наједноставните, како што е што да јадеме за појадок, до сложени и судбоносни, како што е изборот на кариера или животен партнер. Постојат три главни начини на кои луѓето носат одлуки:
Интелектуално: Анализа на добрите и лошите страни
Првиот начин на носење одлуки е преку логично размислување и анализа на фактите. Кога сме рационални, ние ги разгледуваме сите можни исходи, ги пресметуваме ризиците и ги споредуваме добрите и лошите страни. Ова е методот што го користиме кога избираме која инвестиција да ја направиме, кој автомобил да купиме или кој план за здравствено осигурување е најдобар за нас.
Замислете дека треба да одлучите дали да прифатите нова работа. Интелектуално, ќе направите листа со „за“ и „против“. Ако платата е подобра, но работното време е подолго, ќе размислувате дали вреди жртвата. Ќе ги пресметате сите фактори и ќе донесете одлука заснована на логика.
Но, има еден проблем: не секогаш можеме да ги предвидиме сите фактори, а понекогаш, колку повеќе размислуваме, толку потешко ни е да донесеме конечна одлука. Тоа води кон премногу анализирање и одложување на одлуките.
Емотивно: Одлуки според чувствата
Вториот начин е носење одлуки врз основа на нашите чувства во моментот. Наместо да ги анализираме сите можни исходи, ние едноставно одлучуваме според тоа како нешто ни се чини правилно или погрешно. Овој метод често го користиме кога се вљубуваме, кога се одлучуваме за уметнички правец или кога чувствуваме дека нешто „едноставно ни лежи“.
Ова е најчесто кога млад човек треба да се одлучи дали да замине на студии или работа во странство. Интелектуално, знае дека тоа ќе му донесе повеќе можности, но срцето вели да остане блиску до семејството и пријателите.
Емотивното носење одлуки може да биде многу моќно, но исто така може да доведе до погрешни избори ако се базираме само на моменталните емоции без да се земе предвид долгорочната последица.
Спонтано: Одлуки од состојба на повисока свест
Третиот и најприроден начин на носење одлуки е преку развој на свеста. Кога умот ни е мирен и јасен, одлуките доаѓаат спонтано и се секогаш правилни. Ова е начин на одлучување кој не бара пребројување на добрите и лошите страни, ниту пак се води од моменталните емоции – туку произлегува од интуитивно знаење кое ја опфаќа целата ситуација.
Замислете командант на војска кој во критичен момент треба да одлучи дали да се повлече или да нападне. Ако премногу анализира, ќе ја изгуби можноста. Ако се води само од емоции, може да направи катастрофална грешка. Но, искусен командант, кој има развиена свесност, ќе донесе правилна одлука во секунда, затоа што неговиот ум е спокоен и гледа поширока слика.
Најдобар начин да стигнеме до овој вид одлучување е преку техники што го смируваат умот, како што е Трансценденталната медитација (ТМ). Најдобрите одлуки доаѓаат кога умот е во состојба на длабок мир. Од таму, секој импулс на мисла и секоја акција природно се насочуваат кон добро и напредок – не само за поединецот, туку и за целото општество. Оваа состојба не може да се одглуми. Не е доволно само да си кажеме дека сме во мир за навистина да бидеме смирени. (Легендата вели дека кога на некого му кажале „Смири се“, тој/таа навистина се смирил/а!). Со други зборови, или сме во мир или не сме.
Како тогаш да ја постигнеме таа внатрешна смиреност?
Длабоко во секој човек постои ниво на умот што е веќе мирно, стабилно и широко разбудено. Тој мир е секогаш присутен – денес, вчера, утре – но ние сме го изгубиле пристапот до него. Наместо тоа, сме заглавени на површината на умот, во немирот на секојдневните мисли. Трансценденталната медитација е едноставна, природна и ненапорна техника што му овозможува на активниот мислечки ум да се смири, да искуси потивки слоеви на мислата и на крајот да допре до најдлабокото ниво – изворот на мислата, чистата свест што постои во секој човек.

Истражувањата на ТМ јасно покажуваат нејзиниот ефект врз различни делови од мозокот. Тие докажуваат дека:
- Амигдалата, која е центарот за страв, станува помалку активна.
- Фронталниот лобус, кој е одговорен за донесување одлуки, планирање, расудување и решавање на проблеми, станува поактивен и пофункционален.
- Двете хемисфери на мозокот – логичката (аналитичката) и интуитивната – почнуваат да работат посинхронизирано.
Ова е клучно бидејќи фронталниот лобус го контролира нашето расудување, чувството за себе, етичкото размислување и способноста за решавање проблеми. Стресот, пак, го исклучува овој дел од мозокот.
Што се случува кога некој е под стрес?
- Дали носи добри одлуки? – Не.
- Дали решава проблеми ефикасно? – Не.
- Дали јасно размислува? – Не.
Причината е едноставна: кога сме под стрес, фронталниот лобус престанува да функционира оптимално.

За време на ТМ, врските меѓу различните делови на мозокот се зацврстуваат. Конекциите помеѓу левата и десната хемисфера се подобруваат, а целиот мозок почнува да работи на покоординиран и интегриран начин. Благодарение на механизмот на невропластичност, овие позитивни промени не се случуваат само за време на медитацијата, туку продолжуваат и во секојдневниот живот.
Затоа луѓето кои практикуваат ТМ пријавуваат дека:
- Размислуваат појасно
- Донесуваат подобри одлуки
- Поуспешно решаваат проблеми
- Учениците и студентите имаат подобри оценки и повисоки резултати на испитите
Ова не е магија – тоа е само оптимално функционирање на мозокот.
Научните истражувања покажуваат дека за време на ТМ се појавуваат силни алфа мозочни бранови што се шират од задниот дел на мозокот кон фронталниот лобус. Алфа брановите се поврзани со состојбата на „одморна будност“ – состојба во која сме и длабоко релаксирани, но и максимално свесни.

Токму тоа е она што го овозможува ТМ – состојба на одморна будност што природно води до подобри одлуки, поголема ментална јасност и подобро функционирање во сите аспекти на животот.

М-р Мартина Сотировска, сертифицирана учителка по Трансцендентална медитација.
Дознајте како Трансцендентална медитација може ви помогне да го подобрите квалитетот на животот.
Закажете вашето бесплатно воведно предавање денес.