
Сум смирен/а или во депресија?
Често, луѓето ја поистоветуваат депресијата со тага. Сепак, да се биде тажен значи дека сè уште чувствуваме нешто, додека депресијата се карактеризира со чувство на безнадежност и рамнодушност кон работите што порано ни носеле радост. Таа може да се манифестира како необјаснив замор – дури и без физичка активност, личноста се чувствува истоштено. Депресијата не е само моментална тага или „тежок ден“; тоа е сериозно психолошко нарушување што влијае врз емоциите, мислите и дури и физичкото здравје.
Како се „паѓа“ во депресија?
Најчесто, депресијата е резултат на прекумерен стрес, кој го оптоварува нервниот систем и постепено го намалува нашиот капацитет за справување со секојдневните предизвици. Кога сме под стрес, фронталниот лобус – делот од мозокот одговорен за одлучување, решавање проблеми и самосвест – се „исклучува“. Врските меѓу различните делови на мозокот се нарушуваат, оставајќи нѐ со чувство на преоптовареност и анксиозност.
Несоница – причина и последица на депресијата
Нарушениот сон е чест проблем кај луѓето со депресија. Кога не спиете добро, тешко е да најдете уживање или мотивација за секојдневните активности, што дополнително го зголемува чувството на депресија. Истражувањата покажуваат дека медитацијата, особено Трансценденталната Медитација (ТМ), може значително да ја намали несоницата. Оваа техника води кон длабока релаксација, што му овозможува на телото да ослободи насобран стрес, замор и анксиозност. Како резултат, подобрувањето на сонот доведува до повеќе енергија и поголемо уживање во секојдневието.
Студија објавена во списанието Criminal Justice and Behavior покажа значителни разлики помеѓу групите кои практикувале Трансцендентална Медитација и контролните групи. Резултатите укажуваат на намалување на несоницата и подобрување на навиките за спиење (намалено време за заспивање, намалени будења во текот на ноќта и подобар квалитет на сон).[1]
Кортизолот – хормонот на стресот
Кога сме под стрес, амигдалата – „центарот за страв“ во мозокот – ги активира надбубрежните жлезди да ослободат кортизол, хормонот на стресот. Нашето тело влегува во состојба на „борба или бегство“. Додека балансираното ниво на кортизол помага во справувањето со стресот, неговото зголемено ниво е поврзано со анксиозност, депресија и раздразливост.
За среќа, Трансценденталната медитација го намалува кортизолот и му помага на телото да одржи постабилно хормонално ниво. Истражување од 2002 година, објавено во списанието Behavioral Medicine, покажа дека Трансценденталната Медитација има и краткорочни и долгорочни ефекти за намалување на основните нивоа на кортизол.[2]
Друго истражување покажа намалување на кортизолот за 30% кај луѓето кои ја практикувале техниката на Трансцендентална Медитација.
Како да се излезе од депресија?
Добрата вест е дека депресијата не мора да биде трајна состојба. Благодарение на процесот на невропластичност – способноста на мозокот да се регенерира и формира нови врски – можно е закрепнување. За да го поддржиме овој процес, важно е да најдеме начини за опуштање и враќање на балансот во телото и умот.
Едноставен и ефективен начин: Трансцендентална Медитација
Трансценденталната Медитација е техника која се изведува двапати дневно по 20 минути, додека седите удобно со затворени очи. За разлика од другите техники на медитација, ТМ не бара концентрација, напор или обид за расчистување на мислите. Наместо тоа, ѝ дозволува на свеста природно да се „спушти“ кон потивки и подлабоки нивоа на мислата, додека не се достигне најмирната состојба. Кога умот се смирува, телото влегува во состојба на длабока релаксација, што му овозможува на мозокот да се обнови.
Техниката на ТМ е предмет на обемни научни истражувања, со повеќе од 380 рецензирани студии кои ја документираат нејзината корист за физичкото и менталното здравје. Со редовна пракса, врските во мозокот стануваат посилни, а луѓето кои медитираат известуваат дека се чувствуваат посмирени, донесуваат подобри одлуки и полесно се справуваат со животните предизвици.

Извор: American Psychologist 42: 879 – 881 1987
[1] Abrams AI, Siegel LM. The Transcendental Meditation program and rehabilitation at Folsom State Prison: a cross-validation study. Criminal Justice and Behavior 1978 5(1):3-20.
[2] Walton KG, Schneider RH, Nidich SI, Salerno JW, Nordstrom CK, Merz CN. Psychosocial stress and cardiovascular disease. Part 2: effectiveness of the Transcendental Meditation program in treatment and prevention. Behavioral Medicine 2002 28(3):106-123.

М-р Мартина Сотировска, сертифицирана учителка по Трансцендентална медитација.
Дознајте како Трансцендентална медитација може ви помогне да го подобрите квалитетот на животот.
Закажете вашето бесплатно воведно предавање денес.