Како да се научи Трансцендентална медитација?

Денес, благодарение на интернетот, можете да направите скоро сè. На пример, можете да готвите одличен ручек следејќи рецепт од Јутјуб или од некој текстуален извор. Само ги следите упатствата—што и колку да ставите, како да мешате, да загревате—и на крајот резултатот е вкусен оброк. Слично, можете да научите како да шиете, да креирате веб-страница или дури и да изведувате некои практични проекти со помош на онлајн ресурси и ChatGPT.

Ова е возможно затоа што при овие активности вие сте целосно активни и когнитивни во процесот. Ги читате упатствата, размислувате што треба да направите и го извршувате тоа со свои раце. Вашето внимание е целосно насочено кон задачата, што овозможува успех.

Но, учењето медитација е сосема различна работа. Замислете, на пример, да се обидете да се релаксирате преку масажа што самите би ја правеле според книга. Додека би се обидувале правилно да ја примените техниката, истовремено би морале и да останете фокусирани на тоа што правите. Во таква ситуација, нема да можете да го постигнете основниот ефект—релаксација. Слично, не можете да бидете и хирург и пациент во исто време.

Трансцендирањето, основата на Трансценденталната медитација, е процес на намалување на менталната активност. Сè започнува на површината, каде што менталната активност е интензивна, а потоа постепено се смирува сè додека не исчезне целосно. Тоа е патување кон потивките и подлабоки слоеви на свеста.

Кога првпат учите како да трансцендирате, водството на учителот е клучно. Учителот ве насочува чекор по чекор и ви помага да се движите низ различните искуства што ги доживувате. Ако би се обидувале сами да го анализирате она што го доживувате и да размислувате како да продолжите, вашиот ум би останал активен, а процесот на смирување никогаш не би се случил.

Учителот е тој што анализира и размислува за вас, давајќи ви прецизни упатства за секој следен чекор. Тоа ви овозможува постепено да се смирувате и да се нурнете во подлабока релаксација. Без водство на искусен учител, невозможно е да се постигне оваа состојба.

Може да го замислите овој процес како масажа на грбот. Вие сте тие што лежите и уживате, додека масерот работи за вас, внимателно ослободувајќи ве од напнатоста. На ист начин, во Трансценденталната медитација, учителот е тој што ве води и ви помага да го постигнете тоа длабоко чувство на смиреност и баланс.

Следниот ден по учење на медитацијата, ги корегираме евентуалните грешки при нејзината практика.

Ова е уште една важна причина зошто не можете сами да научите Трансцендентална Медитација (ТМ).

Замислете дека сте се обиделе сами да научите спорт, како одбојка, или музички инструмент, како пијано, од книга или видео. Бидејќи немало кој да ве провери, сте научиле на свој начин, онака како што сте мислеле дека треба. Сѐ додека не се најдете во реална ситуација каде што треба да го примените тоа знаење, нема да сфатите дека вашата техника можеби не е правилна. На пример, ќе видите дека тоа што сте мислеле дека е одбојка, всушност и не е вистинска одбојка.

Исто е и со Трансценденталната Медитација. Улогата на учителот е клучна, бидејќи тој е тука за да ги корегира грешките. Веќе следниот ден по учењето на техниката, учителот помага да се осигурате дека правилно ја изведувате медитацијата. Знаеме дека на почетокот луѓето често прават грешки или забораваат делови од инструкциите. Затоа учителот е тука – да се увери дека вашата практика е точна и дека ќе ги добиете посакуваните ефекти.

Со текот на времето, луѓето ненамерно може да ја изменат техниката – да заборават одредени упатства или да додадат нешто свое. Но, кога ќе го завршите курсот, секогаш можете да се обратите кај учителот за поддршка. Учителот ви е достапен за да ја освежи вашата практика и да ве води понатаму.

Оваа поддршка е доживотна.

Секогаш можете да контактирате учител и да добиете бесплатна помош за правилно практикување на медитацијата, како и одговори на сите прашања во врска со неа. Оваа услуга е слична на она што го добивате при купување нешто од висока класа – на пример, од Hermès, каде што доживотно се грижат за своите клиенти.

Сѐ што е научено на било каков друг начин, без помош од сертифициран учител, не е Трансцендентална Медитација и нема да ги даде истите ефекти. За ова постојат научни истражувања кои го потврдуваат тоа, така што ова не е кажано на памет.

„Трансценденталната медитација е добра наука“

— Памела Пик, доктор по медицина, Национален институт за здравје; доктор за Discovery Channel

Постапка за учење Трансцендентална Медитација (ТМ)

Трансценденталната Медитација (ТМ) се учи со помош на сертифицирана учителка, во овој случај м-р Мартина Сотировска. Процесот започнува со индивидуална инструкција и вклучува поддршка за правилно практикување уште од првиот ден. 

Првиот ден учите како да медитирате, по што сами ја применувате техниката дома. Потоа се среќавате повторно со учителката, која помага во корекција на евентуални грешки, проверува дали правилно ја изведувате техниката и ве води кон совршена самостојност.

М-р Мартина Сотировска е сертифицирана учителка по Трансцендентална Медитација за Македонија. Таа е и правник за човекови права, со две магистерски дипломи по право: една по деловно право стекната во Македонија и друга по меѓународно право и човекови права, стекната во Швајцарија.

Структура на курсот

Курсот за учење на ТМ е структуриран во 6 среќавања со времетраење од околу час и половина, распоредени во период од три недели

  • Подготвително предавање каде ќе добиете објаснување за текот на процесот, како и што треба да понесете за индивидуалната инструкција.
  • Индивидуална инструкција, еден-на-еден со сертифициран учител.
  • Овие три последователни денови се фокусирани на:
    • Дополнително интелектуално разбирање на техниката.
    • Исправување на грешки при медитирањето.
    • Проверка на правилното практикување на медитацијата.
    • Давање детални упатства за самостојно медитирање дома.
  • Оваа сесија се одржува 10-14 дена по завршувањето на курсот. Дотогаш, ќе имате период на самостојна практика и ќе може да се анализираат вашите искуства и придобивки. Учителката прави дополнителна проверка на техниката за да се увери дека медитирате правилно, бидејќи само правилното практикување обезбедува посакуваните ефекти.

Поддршка и придобивки

По завршувањето на курсот, ќе бидете целосно самостојни во практикувањето на ТМ. Учителката останува доживотно достапна за поддршка – без разлика дали имате прашања, потреба од проверка на техниката или сакате да го освежите своето знаење.

Дополнително, секогаш можете повторно да го ислушате курсот бесплатно, колку пати сакате. Секој месец се организираат и работилници за заедничко медитирање, како и напредни предавања, кои исто така се бесплатни за сите што веќе ја научиле ТМ.

Зошто Трансценденталната Медитација вреди за инвестицијата?

ТМ не се учи бесплатно, а не е ниту една од најевтините медитации. Но, има добри причини за тоа:

1. Доживотна инвестиција:

Ја учите во неколку дена, но ја имате како алатка за цел живот.

Со оваа техника добивате и доживотна поддршка од учителот.

2. Загарантирани резултати:

Дури и ако сте 100% скептични, ТМ делува – тоа го потврдуваат бројни научни истражувања, кои можете да ги проучите преку приложениот линк.

3. Долгорочна заштеда:

Редовното практикување ја зголемува енергијата, па со текот на времето, трошите помалку на кафе или други стимуланси.

Внатрешната среќа што ја развивате преку ТМ го намалува импулсивното трошење за моментални задоволства.

Истражувањата покажуваат дека редовната практика ја намалува или целосно елиминира потребата за цигари и други штетни навики.
На долг рок, подобреното здравје и намалениот стрес значително ги намалуваат трошоците за лекови и третмани за психосоматски заболувања.

Со ТМ, го заштитувате вашето тело и ум од негативните ефекти на стресот, што е една од најчестите причини за нарушено здравје во подоцнежните години.

Со редовно практикување, можете да останете активни, среќни и со јасен ум во текот на целиот ваш живот.

„Пред да научам ТМ, имав обичај да се напијам по некоја чаша вино после работа. Но, после само неколку недели од практикувањето на медитацијата, забележав дека флашата со вино останала недопрена, а на виното дури и му поминал рокот. Едноставно заборавив дека некогаш ми била потребна чаша вино.“
– Јанез Шубиц, шумарски инженер

Цената за курсот по Трансцендентална Медитација изнесува 200 евра за вработени лица.